
Изминатата недела 4.646 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст 13.5.2022
Во периодот од 6 до 12 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 4646 граѓани, односно само за време на викендот (7 и 8 мај) 3.111 граѓанин го посетиле Водно и ја користеле жичницата. Овој податок говори дека е голем бенефитот што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата.
Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот.
За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 - во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.
За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп.
До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет - страницата на ЈСП Скопје, jsp.com.mk.
- ВЕСТИ
- 19.05.2022 - Град Скопје со поддршка на 116 проекти во износ од околу 13,5 милиони денари за развој и унапредување на спортот и образованието
- 19.05.2022 - Трето прскање против комарци на територија на градот Скопје
- 19.05.2022 - Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
- 18.05.2022 - Решени 2.001 барање од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk
- 18.05.2022 - Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа
- 18.05.2022 - Делегацијата од „Four Paws International“ светската реномирана организација ја посети скопската ЗОО
- 18.05.2022 - Во пролетната акција во Ѓорче Петров досега се одложени 70 кубни метри кабаст отпад
- 17.05.2022 - ЈП „Градски паркинг“ со кампања за подобри услуги кон граѓаните под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“
- 17.05.2022 - Арсовска на Отворен ден во СУГС „Димитар Влахов“
- 17.05.2022 - Арсовска: Еколошкото образование на младите е клучен фактор за унапредување на заштитата на животната средина