ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА НА ПАРТИЗАНСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БУТЕЛ И ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ 13.11.2019
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите коишто денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.


На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Игор Вељаноски, Бојан Ивановиќ и Јелена Жугиќ, како и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна - Скопје; делегација на Град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија; делегација од Собранието на Република Северна Македонија; делегација од Владата на Република Северна Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.


- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
