ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „13 НОЕМВРИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2019 ГОДИНА 13.11.2019

Вечерва, во Националната опера и балет, по повод одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, свечено им ги додели наградите на годинешните добитници, нашите сограѓани коишто со својот труд и творештвото дале свој придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок, и им се обрати на присутните гости.

- Секоја година на овој ден Град Скопје ги наградува сите оние кои со своите дела во различи области го промовираат нашиот град низ целиот свет. Затоа упатувам искрени честитки до годинашните добитници на награда 13-ти Ноември. Овие награди се само мала благодарност од сите нас за нивната посебност. Вие сте нашата голема скопска гордост. Искрено се радувам на секој ваш успех и од срце ви го честитам – кажа градоначалникот Шилегов во своето обраќање.

 

 

 

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2019 година се:

  

Од областа на науката

 

 Проф. д-р  ХРИСТИНА СПАСЕВСКА - Професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии „Универзитет Свети Кирил и Методиј“- Скопје

- за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“

 

 

Од областа на хуманитарната активност

  

д-р ЖИКИЦА ЃОРЃИЕВСКИ - Д-р стоматолог

- за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик

 

Од областа на културата

 

д-р ДИТА СТАРОВА ЌЕРИМИ - Директор на Националната галерија

- за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје

 

 

Од областа на уметноста

 

ФРОСИНА ЗАФИРОВСКА - Кустос советник во пензија

- за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот

 

БИСЕРА ЧАДЛОВСКА - Диригент

- за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност

 

 

 

Од областа на публицистиката

 

1. ЕРИНА БОГОЕВА - Фотограф

- за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

 

2. АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ - Музички педагог, истражувач и публицист

- за значаен придонес во областа на културата, уметноста и литературата со  објавувањето на книгата Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар

 

 

 

 Од областа на спортот

 

1. КАРАТЕ КЛУБ РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ - Правно лице

- за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план

 

2. АЛИЛИ БЕСИР – Спортист - борење

- за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети

 

 

Ученици и студенти

 

1. АНА МАРИЈА АТАНАСОВСКА - Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје

- за постигнати резултати во воннаставни активности

 

2. СТЕФАН СТОЈКОВИЌ - Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје

- за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот

 

 

 

Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на Националната опера и балет, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на меѓународната ликовна колонија „Скопје 2019“.