ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ПОДГОРИЦА 14.7.2021
Делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов е во дводневна посета на Подгорица, по повод 13 Јули - Денот на државноста на Црна Гора. Шилегов оствари средба со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, како и со заменик-градоначалникот на Сараево, Харис Башиќ на која беше заклучено дека земјите од регионот треба да шират пораки на заедништво, а локалните самоуправи да бидат целосно посветени на граѓанските вредности со што ќе дадат придонес за развој и на градовите и на регионите.

Градоначалникот Шилегов на средбата истакна дека исклучително ги цени добрите односи меѓу двата града и нагласи дека таа успешна соработка ќе продолжи и во иднина.

По повод одбележувањето на Денот на државноста на Црна Гора, градоначалникот Шилегов вчера положи цвеќиња на споменикот „На партизанот борец“, а присуствуваше и на отворањето на изложбата „Меѓу фашизмот и антифашизмот: во 11 чина“, уметничка поставка на најпознатите сликари од Босна и Херцеговина и подарок на градот Подгорица од Градот Сараево. Изложбата „Меѓу фашизмот и антифашизмот: во 11 чина“ е поставена во познатата Куслевова куќа и ќе биде отворена до 13 август.

Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше и на приемот што на 12 јули го организираше претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Цетиње, по повод Денот на државноста.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
