
ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ПРВОБОРЕЦОТ ПЕРИША САВЕЛИЌ 14.11.2019
Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Никола Наумоски, денеска (14.11.2019 година), во чест на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, положија цвеќе пред Споменикот на Првоборецот Периша Савелиќ-Самсон во Ново маало, Скопје.
Цвеќиња денеска положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје, делегација на амбасадата на Црна Гора предводена од амбасадорката Марија Петровиќ и делегација на Подгорица предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ.
Со овој чин делегациите му одадоа почит на Периша Савелиќ, комунистички деец, Црногорец, учесник во НОВ во Македонија, кој во 1941 година го формирал Првиот скопски партизански одред.
Во непосредна близина на споменикот во знак на пријателство, почит и понатамошна соработка помеѓу двата града е засадено и дрво на пријателство, а градоначалникот Вуковиќ на градоначалникот Шилегов му ја предаде и изгравираната плочка што ќе биде поставена до дрвото на пријателството.
Двата града Скопје и Подгорица се збратимени од 2008 година и во континуитет имаат успешна соработка во повеќе области, особено во областа на културата, уредувањето на просторот, прашањата од комуналната сфера, туризмот и заштитата на животната средина.
Делегација од Подгорица предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ годинава присуствуваше и на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
- ВЕСТИ
- 05.07.2022 - Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк
- 05.07.2022 - Започнува меѓународниот фестивал на европски филм - CINEDAYS
- 04.07.2022 - Во среда ќе се прска против комарци
- 02.07.2022 - Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
- 01.07.2022 - „Градски паркинг“ со санкции за 136 непрописно паркирани возила на јавни површини
- 01.07.2022 - Започна да се реализира првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
- 30.06.2022 - Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
- 30.06.2022 - Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв
- 29.06.2022 - Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
- 27.06.2022 - Градоначалничката Арсовска додели награди и благодарници за најдобрите на регионалните средношколски натпревари