Филмска вечер на отворено со филмот „Стела“ во рамки на фестивалот за миленици „Скопје Пет Фест“ 15.9.2023
Филмските вечери на отворено, дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028, викендов продолжуваат во недела на летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк.
Во рамките на целодневниот фестивал за миленици „Скопје Пет Фест“ ќе се одржи проекцијата на филмот „Стела“ од режисерот Стојан Вујичиќ, со почеток во 19:30 часот.
Во недела со почеток во 11 часот во стариот дел на Градскиот парк за првпат ќе се одржи Пет Фест Скопје. Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители.
Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик, како и од најмали нозе децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните.
Влезот е бесплатен за сите посетители.
- ВЕСТИ
- 20.11.2026 - Одржана работилница за изработка на Стратегија за Локален економски развој за период 2026 – 2029 година
- 18.11.2026 - Град Скопје го започна процесот на изработка на новата стратегија за соработка со граѓанските организации и фондации
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
