Целосна реконструкција на улицата „Бутелска“ 15.10.2022
Денес градоначалничката на Град Скопје изврши увид на завршната фаза од градежните работи за реконструкција на улицата „Бутелска“.

Град Скопје ја реконструира улицата Бутелска од вкрстувањето со ул. „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата. Реконструкцијата на коловозот е на површина од 7.687 квадратни метри и должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел. Целосно се реконструираат оштетените тротоари и автобуските постојки.

Во исто време се превземаа активности за подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на можности од дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изработува дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија.

Со реконструирање на улицата Бутелска се решава децениско барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
