Годинава по 10 пат се одржа манифестацијата „Прв до врв“ 15.5.2022

На јубилејното одржување на манифестацијата „Прв до врв“ на скопската планина Водно, денеска присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која на најдобрите им додели награди, се заблагодари на сите учесници и го честиташе јубилејното одржување на манифестацијата Прв до врв.

Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин.

На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Манифестацијата која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и годинава се состоеше од два дела, односно  натпреварувачки и забавен карактер.

Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје.