
Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2023 година 16.1.2023
Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои разговараа градоначалниците на скопските општини со градоначалничката на Градот Скопје.
„Денеска заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините. Изготвен е акциски план, се започнува со реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Неoпоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија”, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.
Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа шест градоначалници на општините под надлежност на град Скопје и тоа Сарај, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Центар.
- ВЕСТИ
- 14.03.2023 - Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони
- 13.03.2023 - Нов мега-парк во Чаир
- 12.03.2023 - Положено цвеќе во чест на 7144 македонски Евреи
- 10.03.2023 - Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија
- 09.03.2023 - Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба
- 06.03.2023 - Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“
- 04.03.2023 - Реконструкција на улицата Александар Урдаревски
- 01.03.2023 - Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје
- 28.02.2023 - Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ
- 17.02.2023 - Нов кружен тек во Ѓорче Петров