Нови парковски елементи во Паркот на природата „Гази Баба“ 16.6.2022
Паркот на природата „Гази Баба“ деновиве е збогатен со нови парковски елементи изработени од дрво. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на неколку локации низ зеленилото поставија нов мал видиковец, набљудувачница, парк за миленици и две дрвени куќички за деца.
Во исто време се реконструирани и постојните елементи во паркот – тие се бојадисани, а на покривот на видиковците е прикована шиндра, како превентивна заштита.
Новите парковски елементи со својата форма и намена го дополнуваат изгледот на содржините во Паркот на природата „Гази Баба“ кој е вистинско место за рекреација, релаксација и пријатен престој на отворено за посетителите од сите генерации, како и за забава и игра за најмладите и за нивните миленици.
Грижата и уредувањето на зеленилото во градот и подигањето нови зелени површини е меѓу приоритетите на Градот Скопје, чии екипи интензивно работат на формирање нови зелени коридори.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
