ПРОДОЛЖУВА ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ 16.7.2020
Градот Скопје ги известува граѓаните дека дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се изврши наредниве денови, и тоа:
- Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.07.2020 (сабота) и на 19.07.2020 (недела), во раните утрински часови.
- Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 20.07.2020 (понеделник) до 24.07.2020 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.
Дополнително, терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши на 22.07.2020 (среда), во период од 08 до 17 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
