ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН И УЛИЦА ИНДИРА ГАНДИ 17.8.2019
Екипи на Град Скопје, вечерва од 19 часот, почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври. (кај Црвен крст).
Градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град.
Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.
Поради градежни работи – изведување на прекопи од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“, улицата Индира Ганди денеска (17.08.2019 година, сабота) од 22:00 часот ќе биде затворена за сообраќај до 05 часот на 18.08.2019 (недела).
Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
