ЗАПОЧНА ФИНАЛНОТО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ (ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА) 17.4.2020
Денеска започна финалното асфалитрање на булеварот Никола Карев (познатата Пластичарска улица). Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува 4 општини - Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкцијата е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот.

Штом се заврши со асфалтирањето на коловозот, булеварот ќе биде обележан со хоризонталната сообраќајна сигнализација и ќе биде пуштен во употреба. Паралено со тоа, се работат тротоарите, велосипедските и пешачки патеки.

Како што претходно беше најавено од градоначалникот Шилегов, завршувањето на оваа делница е според предвидениот план. Градежни работи во оваа фаза се изведуваа на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Во целосната реконструкција беа офратени и подземните инсталации.

Овој месец, главниот град ќе добие современа и реконструирана сообраќајница со 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
