Се врши увид на капацитетите за паркирање во општина Чаир, се планираат нови монтажни катни гаражи на неколку локации во Скопје 18.2.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски, денеска извршија увид на терен за започнување на изградба на нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации, од кои една до ТЦ „Чаирчанка", на улицата Цветан Димов, во општина Чаир.

Планирани се нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации во Скопје, меѓу кои е и паркингот до трговскиот центар „Чаирчанка". Станува збор за простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот.

Со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места ќе се решат долгогодишните проблеми со паркирањето во овој дел од градот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
