Големо количество отпад исчистено од парк-шума Водно 19.3.2022
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно. Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собраа четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг.

Апелираме до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваме Водно чисто.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
