
Започна реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ 20.9.2022
„Денес извршивме увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Перо Наков во општината Гази Баба. По неколку децении негрижа, денес започнуваме со реконструкција на улицата Перо Наков, тука во општина Гази Баба. Рокот за изведба на овој проект е четири месеци, а градот Скопје е целосен инвестор со 47 милиони денари.
Барањето за реконструкција на оваа улица, како децениски проблем беше истакнат од граѓаните на Скопје кои живеат во овој дел на градот. Со овој проект се решаваат секојденвите потешкотии во сообраќајот на преку 10.000 граѓани од месните заедници во Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1. Освен промена на асфалтот, се реконструираат и рабниците, ќе се постави ново зеленило, а ќе бидат реновирани и автобуските постојки.“ - изјави градоначалничката Арсовска.

- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје