ЗА САМО 16 ДЕНА ЗАВРШЕН БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ 20.9.2021

Со вчерашното ноќно бележење на реконструираниот коловоз на булеварот Крсте Мисирков кај МАНУ, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај. Овој многу фреквентен дел од булеварот Крсте Мисирков изминативе денови се реконструираше на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај „Мавровка“, во должина од 550 метри.

За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје се одвоени околу 32 милиони денари.

Градот Скопје пред две години го обнови делот од овој булевар на потегот од „Мавровка“ до Бит-пазар, а го реконструира и булеварот Кочо Рацин, на потегот од  булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Свети Кирил и Методиј.

Реконструкциите на сите улици и од годинешнава градежна офанзива Град Скопје ги завршува во рекордно кратки рокови за да се обезбедат услови за безбедно одвивање на сообраќајот без да се создава сообраќаен метеж.