ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ, ДА НАПРАВИМЕ НАЈГОЛЕМА ЕЛКА ОД ЛУЃЕ ЗА ГИНИС 20.12.2019
Плоштадот „Македонија“ утре во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат на овој интересен потфат.

Формирањето новогодишна елка од луѓе е дел од програмата на „Винтерленд“. Настанот ќе биде збогатен со музичко – забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и Нон стоп.
Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници. Утре (21.12.2019 година) и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Затоа, дојдете да се забавуваме и да ја направиме најголемата новогодишна елка во светот направена од луѓе.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
