ГРАД СКОПЈЕ СО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И МИЕЊЕ НА ЈАВНИ ПРОСТОРИ 21.3.2020
Во текот на денешниот ден екипите на Град Скопје, јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје со цистерни со специјално средство спроведоа голема акција за миење на градските сообраќајници, пешачки и велосипедски патеки, како и автобуските постојки во сите општини.
![]() |
![]() |
Со оваа голема акција опфатени беа и патеките на Кејот на реката Вардар, сите поголеми паркови (Градскиот, Жена Борец, Ибни Пајко, Македонија, Чаир, Ѓорче Петров и Рајскиот парк), парк-шумата Водно (Марково Крувче, Средно Водно, Милениумскиот крст...), парк-шумата Гази Баба, СРЦ Сарај и скопското Кале, каде покрај миење на патеките, рачно и со посебна опрема се врши и целосна дезинфекција на целосната паркоска опрема (клупи, павиљони, дрвени мостови, реквизити и справи за вежбање...).

Во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје го помага Министерството за здравство преку проширување и изградба на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Инфективната клиника.
![]() |
![]() |
Големата акција за дезинфекција и миење на сообраќајниците и јавните простори во сите скопски општини ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје




