ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И МИЕЊЕ НА СООБРАЌАЈНИЦИ И ЈАВНИ ПРОСТОРИ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ 21.3.2020

 

Град Скопје, јавните градски претпријатија и екипите на Противпожарната бригада на Скопје денес и утре на терен спроведуваат голема акција за дезинфекција и миење на сообраќајниците и јавните простори во сите скопски општини.

Во оваа акција се вклучени сите јавни градски претпријатија со специјална механизација за ваков вид на работи.

 

Со цистерни со специјално средство за дезинфекција се виши миење на градските сообраќајници во сите општини, а се врши и чистење и миење на пешачките и велосипедските патеки, како и автобуските постојки.

 

Со оваа голема акција ќе бидат опфатени патеките на Кејот на реката Вардар, сите поголеми паркови (Градскиот, Жена Борец, Ибни Пајко, Македонија, Чаир, Ѓорче Петров и Рајскиот парк), парк-шумата Водно (Марково Крувче, Средно Водно, Милениумскиот крст...), парк-шумата Гази Баба, СРЦ Сарај и скопското Кале.

Покрај миење на патеките, рачно и со посебна опрема се врши и целосна дезинфекција на целосната паркоска опрема (клупи, павиљони, дрвени мостови, реквизити и справи за вежбање...).

 

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.