
Реконструкција на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов 22.9.2022
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид на почетокот на градежните работи за изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов.
- Градот Скопје отпочнува со изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со бул. Св.Климент Охридски до кружниот тек со раскрсница улицата М.Х.Јасмин. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери. -истакна денес на прес конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Со реконструкцијата се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.
-Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е 5 месеци, а Градот Скопје за реконструкција на булеварот М.Т. Гологанов вложува 43 милиони денари. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот. - изјави Арсовска.
- ВЕСТИ
- 01.12.2023 - Се реализира втора фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи
- 29.11.2023 - Соопштение за јавност
- 23.11.2023 - ГРАДОТ СКОПЈЕ СО ARTech И САЕМ ЗА МЛАДИ ГИ ПРОМОВИРА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
- 23.11.2023 - Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица 10 во општина Карпош
- 23.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво
- 20.11.2023 - ЗАПОЧНА ЗАВРШНАТА ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „808“ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- 18.11.2023 - УПРАВНИОТ ОДБОР НА ГЛОБАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ
- 17.11.2023 - Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев