Увид на градежни работи на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 22.1.2023
Денес направивме увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, каде покрај коловозот, се обезбедуваат нови пешачки и велосипедски патеки.

Реконструкцијата на булеварот опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на целосно нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и заменување на постоечките приклучоци со нови, ново улично осветлување со лед светилки со контролери.

Го решаваме и деценискиот проблем со поплавувањето на овој булевар, бидејќи до сега тука воопшто не постоела атмосферска канализација, а старата и дотрајана водоводна мрежа која сега се заменува со нова, како и замената на приклучоците со нови ќе овозможи да нема прекини во водоснабдувањето, дефекти и загуби на вода.

Проектот кој се работи согласно сите европски и светски стандарди, е во завршна фаза со што се овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
