Работен состанок со градоначалникот на градот Белград 22.12.2022

На покана на градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, градоначалничката Данела Арсовска денес во службена посета на Белград. Градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска  истакна дека оваа година е 10-годишнина од договорот за партнерство меѓу Скопје и Белград.

- Договоривме конкретни проекти за кои верувам дека во следната година ќе имаме сериозна имплементација. Двата града работат интензивно на справување со предизвиците но и на споделување на позитивните практики. На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и превземање на искуства со цел подобрување на јавните услуги како и конкретни активности за кои се договори оформување работни тела со претставници на двата града.  Заедно со градоначалникот Шапиќ, договоривме и конкретна соработка на проекти од заеднички интерес. - истакна Арсовска.

Белградскиот градоначалник доби покана да го посети градот Скопје и истакна дека во двата града живеат братски народи, Македонскиот и Српскиот.

 

 

- Нашите два града се братски градови, и пред формалното збратимување во 2012 година. Наша обврска е да ги зајакнеме овие односи. Токму близината помеѓу нашите два народи треба да ни помогне да ја интензивираме нашата соработка.

Тој додаде и дека токму овој близок однос помеѓу Скопје и Белград ја прави полесна и соработката.

- Од сето ова треба да извлечеме бенефит и да ги искористиме искуствата на Скопје, а тие да искористат некои наши искуства и на тој начин да си помогнеме, истакна Шапиќ.