Соопштение за јавност 23.2.2024

Денес на иницијатива на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска се одржа првиот хуманитарен базар во рамки на големата хуманитарна акција организирана во сите јавни претпријатија, установи и училишта под надлежност на град Скопје.

Централниот хуманитарен настан денес се одржа во средното училиште на Град Скопје “Георги Димитров” со цел собирање средства за помош на Леонид Индов кој во моментов се наоѓа на болничко лекување во Виена, Австрија.

Од страна на учениците од сите скопски средни училишта на хуманитарниот базар се собраа средства од нивни рачни изработки на производи подготвени и со што младите во хумана акција се ангажираа да помогнат на Леонид.

На хуманитраниот базар во училиштето “Георги Димитров” се одржа и хуманитарен концерт во кој ќе учествуваат четири училишни бенда.

Со огромна чест и задоволство можеме да констатираме дека хуманитарната акција се одвива успешно, а само во првите неколку часа е собрана значителна сума на средства која ќе му биде од огромна помош на Леонид.

Скопје и скопјани уште еднаш ја покажуваат својата хуманост, градот Скопје уште еднаш покажа дека ја заслужува титулата и дека со право го носи името на град на солидарноста.