ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПОДГОРИЦА, ВУКОВИЌ 24.9.2021

Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Подгорица, Црна Гора, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје. На средбата, двајцата градоначалници ја потврдија одличната соработка што ја негуваат Скопје и Подгорица и нагласија дека локалните самоуправи треба да бидат целосно посветени на граѓанските вредности со што ќе дадат придонес за развој на градовите, но и на регионите.

Шилегов и Вуковиќ разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена, а дискутираа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Подгорица.

На состанокот се зборуваше и за продлабочување на соработка меѓу двата града, пред се во областа на образованието, спортот и културата.

Скопје и Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка во повеќе области.