Арсовска: На празникот на вечната верба и надеж, посакувам благодет и здравје во секое семејство 24.4.2022
Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово ја празнува победата на животот над смртта. Во најсветиот период во годината за православните христијани, ги славиме надежта, животот и победата над сите искушенија.
Драги сограѓани, дозволете ми да ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото Воскресение, и да посакам Велигден во вашите домови да донесе здравје, мир, хармонија и радост, кои ќе ги споделите со најблиските.
Велигден е празник на вечната верба и надеж. Да го славиме животот, со скромност, чесност и меѓусебна почит. Со желби за добро здравје и благодет во секое семејство, ви го честитам празникот.
Нека е за многу години.
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
