Арсовска: Во тек е ревизија на работењето на претходното раководство, институциите ќе одлучат како ќе постапуваат по сите злоупотреби на службена должност 25.3.2022
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување во Трилинг на ТВ 24 најави дека е во тек ревизија на работењето на претходното раководство на градот. Таа посочи дека од досегашните наводи кои произлегле се оформени повеќе финални предмети и истите се доставуваат до надлежните институции.
- Ревизијата е веќе отпочната. Се што ќе биде детектирано, а е во насока на злоупотреба на службената должност ќе биде соодветно доставено до надлежните институции. Останува на институциите да одлучат во која насока и како ќе постапуваат по истите.
За ребалансот на буџетот Арсовска истакна дека е отпочната постапка која трае до 45 дена за подготовки и анализа на тоа кои средства треба да се одвојат и пренаменат онаму каде што има потреба. Во овој момент се следи процесот на работа на јавните претпријатија и кои од нив генерираат поголеми долгувања, со оглед на тоа што цените на енергенсите драстично се зголемени.
Автомобилите во сопственост на градот веќе не се користат надвор од работното време, исклучително само во службени цели. Воедно ги кратиме и сите непродуктивни трошоци и овие средства ги пренаменивме да се вратат кај граѓаните. Помагаме на ранливите категории граѓани, овозможуваме оброци на бездомните лица, изјави Арсовска.
- ВЕСТИ
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ