Соопштение за јавност 25.8.2023
Градоначалничката Данела Арсовска денеска ја отвори манифестацијата “Денови на Мајка Тереза“ која е дел од богатата културна понуда во градот во пресрет на кандидатурата на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. На настанот се отвори и изложба на мозаици во Спомен куќата на Мајка Тереза на улицата Македонија, на тема „Мајка Тереза - од Скопје до Калкута”, чиј автор е Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје.

Хуманите дела на нашата скопјанка Мајка Тереза како и нејзините пораки за љубов, мир и солидарност секогаш да се поттик за секој од нас. Да се биде човечен со грижа за оние на кои тоа им е најпотребно е наша секојдневна мотивација и приоритет - истакна денеска градоначалничката Арсовска.

Настаните во рамки на „Деновите на Мајка Тереза“ се организирани по повод канонизацијата односно прогласувањето на Мајка Тереза за светица, и истите се одржуваат од 25 август до 5 септември во Спомен куќата на Мајка Тереза.

- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
