
Целосно е исчистена дивата депонија на кејот на реката Вардар во општина Гази Баба 25.1.2022
Екипите на Град Скопје денеска завршија со чистење и целосно е исчистена дивата депонија кај кејот на реката Вардар во општина Гази Баба, која зафаќаше површина од над 13.000 квадратни метри. Собрани се над 4.000 кубни метри комунален отпад и градежен шут што секојдневно ја загадуваше животната средина и го загрозуваше здравјето на жителите од оваа општина.
Градот Скопје интензивно работи на чистење на депонии во населбата Лисиче, Ново Село во општина Ѓорче Петров, како и целосно чистење на дива депонија во населено место Брњарци, општина Гази Баба.
Чистење на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција на загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Ги охрабруваме граѓаните да се вклучат во оваа акција на Градот, со тоа што ќе пријавуваат диви депонии, но пред се, да бидеме совесни граѓани кои се однесуваат еколошки одговорно и се грижат за својот град и за животната средина.
- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје