Продолжуваат активностите на терен на екипите на ЈП „Улици и патишта“ 26.3.2022

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве продолжуваат да работат на подготовка за асфалтирање на дел од пешачката и на вело патеката, како и на ископ и поставување рабници на булеварот Србија.
 
На булеварот Гоце Делчев пред катната гаража Судска палата екипите продолжуваат со следната фаза при реконструкција на тротоарот и отстранувањето на оштетените плочки од постојната патека што ќе се асфалтира. Активностите за санација и реконструкција на пешачките патеки во градски парк исто така продолжува,како и санацијата на средишните жардиниери на градските сообраќајници.
 
Во текот на наредните денови на булеварот Босна и Херцеговина ќе се изведуваат градежни работи за поставување инсталација и шахти за семафори.
 
Санација и обнова на оштетените заштитни столбови имаше на улиците и булеварите во Централното градско подрачје.
 
Редовната контрола и обиколка на вертикалната и светлосна сигнализација се изведува секојдневно и во согласнот од потребите на теренот се интервенира со замена или обнова на целосно нова сигнализација.