ЗА „BLACK FRIDAY“ ОДЛОЖЕТЕ ГО КАБАСТИОТ ОТПАД НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО 26.11.2020

Град Скопје оваа година спроведува кампања за правилно одложување на кабастиот отпад за време на „Black Friday“. Поучени од искуствата за време на „Black Friday“, повторно ќе бидат засилени инспекциските контроли за неправилно одложување на кабастиот отпад, а прекршителите ќе бидат санкционирани.

Комуналните инспектори и редари, утре (27.11.2020) во поголемите трговски објекти ќе ги советуваат и едуцираат потрошувачите како правилно да го одложуваат кабастиот отпад. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника), но и старите електронски уреди и мебел се третираат како кабаст отпад и не треба да се одлагаат во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околу трговските објекти за време на овие попусти.

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во центрите за селекција на отпад на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок. Исто така, граѓаните можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт на кабастиот отпад со специјалните возила на ЈП „Комунална хигиена“. Услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните се наплатува согласно со ценовникот на ЈП „Комунална хигиена“.

Апелираме до општествено одговорните компании да ја поддржат оваа кампања со цел подигнување на јавната свест за правилното одложување на кабастиот отпад, со што сите ќе придонесеме да не се создаваат ѓубришта во урбаните средини и да се зачува хигиената на јавните површини.