НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОКОЛУ КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА РЕШЕНИЈА ЗА ПРОТОТИП НА СУВЕНИРИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА 26.3.2020

Најчесто поставувани прашања за конкурсот за за избор на десетидејно-обликовни  решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија како дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“.

 

Прашање: Има ли ограничување колку идејни решенија кои може да се предложат и дали сите заеднички да се испраќаат во еден коверт?

Одговор: Согласно конкурсните услови: „Секој учесник на конкурсот е должен да достави конкурсен труд согласно конкурсните барања“. Секое предложено решение (или линија) поединечно мора да биде доставено и опремено согласно конкурсните услови за опремување на секој конкурсен труд. Се избираат идејно-обликовни решенија, а не автори, што значи дека бројот на поднесените идејно-обликовните решенија на поединечно физичко или правно лице не е ограничен, меѓутоа, во изборот на решенијата, разновидноста на откупените трудови е битен елемент при одлучувањето.

 

Прашање: Дали решението треба да биде само економично исплатлива симболична сума за туристите (пр. 100-150ден.) или може и друг тип сувенир (пр. маичка и друг текстилен производ)?

Одговор: Во изборот на откупените решенијата Комисијата ќе се раководи првенствено од критериумите за одлучување кои се јасно наведени во Конкурсот, меѓу кои квалитетот на предложениот дизајн и трајноста на предложените материјали за изработка, како и иновативноста, креативноста и високо ниво на впечатливост на обликовниот израз се многу битни. Одржлививоста, економската и производствена поддржаност на решението се исто така важни, меѓутоа првенствено се однесува на можноста за умножување и призводство, за која цел со конкурсното решение треба да биде доставен краток опис на предвидените работи и апроксимативна пресметка на чинење на изведбата на предложените идејни решенија, што не значи дека станува збор за симболична продажна цена на производот. Во оваа насока, предност ќе имаат решенијата кои за изработка ќе користат стабилни и еколошки прифатливи материјали (на пр: керамика, камен, теракота, дрво, текстил, стакло, метал, волна, итн.), меѓутоа изборот не се ограничува само на таквите решенија. Како што е наведено во критериумите за одлучување: трајноста на материјалот од кој се предложени решенијата е битен елемент при одлучувањето.

 

Прашање: дали од сите предлози потребно е и конкретно изработен прототип?

Одговор: Прецизно е наведено во содржината на конкурсните трудови дека конкурсниот труд треба да содржи „еден примерок од сувенирот во оригинална големина и материјал, односно изработен прототип/мостра”.