ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ИСПРАТИ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД ЗАГРЕБ 26.3.2020
Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.
Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Шилегов. Градоначалникот Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума.
Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над 5.500 оштетени објекти.
Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
