
Отворен ден на АСУЦ Боро Петрушевски 26.4.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска по повод патрониот празник го посети средното училиште на Град Скопје АСУЦ “Боро Петрушевски”, каде што беше организиран Отворен ден на кој присуствуваа претставници на претпријатија коишто се долгогодишни социјални партнери во развојот на стручното образование.
- Со воведувањето на дуалното образование во образовниот процес во средните стручни училишта на средношколците им се овозможува да се стекнат со практични знаења и да бидат веднаш вклучени во работните процеси и без потреба доквалификување. Овој тип на образование ги прави учениците попродуктивни и поконкурентни на пазарот на труд и целосно подготвени да се вклучат во работниот процес и веднаш да најдат вработување - истакна Арсовска.
Директорот на АСУЦ “Боро Петрушевски” истакна дека патрониот ден на училиштето е одлична можност на едно место да се соберат релевантните образовни институции, поддржувачи на стручното образование, средношколците и потенцијални нови ученици во АСУЦ.
- Овде денеска се и матурантите, на кои им овозможуване потенцијални вработувања со нашите долгогодишни социјални партнери-претпријатијата, и сето тоа во насока на развој на стручното образование - изјави Горанчо Николовски, директор на АСУЦ “Боро Петрушевски”.
Во училиштето беше организиран саем со поставени штандови од претпријатијата кои се соработници со училиштето и каде што средношколците од АСУЦ посетуваат практична настава, а дветооделенците имаа можност одблизу да се запознаат со струките и можностите за нивниот понатамошен професионален развој. Организираниот Саем за вработување е можност за матуранти од училиштето да бидат интервјуирани од претпријатијата и да обезбедат вработување.
- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје