
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО 26.8.2020
Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот Видое Смилевски Бато, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата Февруарски поход.
- Во изминатите две години Градот Скопје сериозно вложува во инфраструктурата во општината Аеродром - целосно ја завршивме реконструкцијата на улицата Февруарски поход, како и првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, по што почнавме да го градиме и новиот мост на Вардар, кон Ќерамидница – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот Видое Смилевски Бато во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.
Шилегов додаде дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.
- ВЕСТИ
- 01.12.2023 - Се реализира втора фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи
- 29.11.2023 - Соопштение за јавност
- 23.11.2023 - ГРАДОТ СКОПЈЕ СО ARTech И САЕМ ЗА МЛАДИ ГИ ПРОМОВИРА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
- 23.11.2023 - Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица 10 во општина Карпош
- 23.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво
- 20.11.2023 - ЗАПОЧНА ЗАВРШНАТА ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „808“ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- 18.11.2023 - УПРАВНИОТ ОДБОР НА ГЛОБАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ
- 17.11.2023 - Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев