ГРАД СКОПЈЕ ГО ПОМАГА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО 28.3.2020
Градоначалникот Шилегов, Министерот за здравство, Венко Филипче и Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Претходно, овој простор со одлична меѓуинституционална соработка беше расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.

Со ослободување на просторот од околу 4000 м2 создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза. Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до инфективна клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон инфективната клиника.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
