ЈП Комунална хигиена расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари 28.3.2022

Во координација со Градот Скопје и Општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена во текот на изминатиов викенд започна активности за  расчистување на голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари.

Станува збор за голема дива депонија во непосредна близина на спортската сала во општината што досега на повеќе наврати била расчистувана, но поради несовесното однесување на жителите повторно се создава. Депонијата е  составена од мешан отпад, односно кабаст, градежен и комунален отпад.

Екипите на ЈП Комунална хигиена расчистувањето ќе  продолжат и во текот на оваа недела,  а очекуваат  до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад.

Град Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат до граѓаните својот отпад да не го одлагаат на јавни површини и на тој начин да придонесат  да  се зачува јавното здравје и  да се заштити животната средина, во спротивно граѓаните кои свесно ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.