Доделени награди на победниците на градската средношколска лига во екипни спортови 28.3.2023

Денеска, на завршниот финален натпревар во средношколска кошарка помеѓу екипите на СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Јосип Броз Тито“, што се одигра во СЦ Борис Трајковски, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги додели наградата и пехарот на победничката екипа на средното училиште на Град Скопје “Никола Карев“.

- Со особено задоволство сме денеска тука за да ги поддржиме учениците кои се дел од средноучилишните лиги во екипни спортови. За учениците секое учество во овие натпревари е поттик да се дружат, да спортуваат и да бидат успешни спортски примери. Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје во екипните спортови учествуваа 124 екипи од 29 градски, државни и приватни средни училишта од Скопје, а се одиграа над 236 натпревари на кои настапуваа преку 2000 ученици. -истакна градоначалничката Арсовска.

Во завршните натпревари на препознатливите градски полуфинални и финални натпревари, кои во текот на месец март се одиграа Скопје, се издвоија најдобрите екипи во средноучилишните лиги за учебната 2022/2023 година во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
