ГРАД СКОПЈЕ ПОДГОТВЕН ЗА БЛЕК ФРАЈДЕЈ - ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ И ОДЛОЖУВАТЕ КАБАСТ ОТПАД 28.11.2019

Поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање, Град Скопје утре (29.11.2019, петок) ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг центрите во Скопје.

 

Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да да се одлага во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти. 

 

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок. Воедно, апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

 

Центар за селекција на отпад Вардариште – локација:

 

https://www.google.com/maps/@41.9895971,21.4887708,128m/data=!3m1!1e3?fbclid=IwAR0u9lKqDKJjt7PMve1f8NQ59SNNIQLrCMYhi7zattW9zgZci21fn2d1_kU

 

Центар за селекција на отпад Карпош – локација:

 

https://www.google.com/maps/place/Reciklazhen+Dvor+Karposh/@42.0087859,21.3994899,408m/data=!3m2!1e3!4b1!4m5!3m4!1s0x135415bb1074b897:0x9eb79215fb9c4175!8m2!3d42.0087859!4d21.4001618