Прогласени најдобрите спортистки, спортисти и тренер на Град Скопје за 2021 година 28.12.2021

Таеквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска. Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени и преостанатите најуспешните спортистки,спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година.

Традиционално и годинава Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за 2021 година, односно се избираат најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.

На свеченоста се обрати градоначалничката на  Град Скопје, Данела Арсовска, која им додели и дел од признанијата за најдобрите спортисти за 2021 година. Таа порача дека скопските спортисти во иднина  ќе добиваат голема поддршка од Градот.

- Во оваа година којашто беше тешка за сите нас имавме можност да се израдуваме на спортските успеси. Спортот најдобро го промовира и Градот Скопје и Република Македонија и затоа треба континуирано да се поддржува. Тоа Градот и досега го правел, а ќе го прави поинтензивно и во иднина. Од името на Градот Скопје, од името на советниците и од мое лично име сакам да ви ги честитам успесите. Се надевам дека ќе не радувате уште многу години- изјави Арсовска.

Покрај градоначалничката Арсовска, дел од наградите ги доделија и членовите  на Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, Петар Милетиќ, Василка Китановиќ и Мунира Куч.

 

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени)

 

  1. Дејан Георгиевски - Таеквондо клуб Бутел.

 

  1. Могамедгаџи Нуров - Боречки клуб Вардар.

 

  1. Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион.

 

  1. Бобан Илиоски - Кик Бокс клуб Шампион.

 

  1. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол.

 

  1. Симона Заборска - Карате клуб Макпетрол.

 

  1. Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта.

 

  1. Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички.

 

  1. Филип Дерковски – Пливачки ватерполо клуб Орион.

 

  1. Адријана Поп Арсова - Маратон клуб Делта.

 

 

Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени)

 

  1. Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол.

 

  1. Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007.

 

  1. Марија Спировска – Боречки клуб Вардар.

 

  1. Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус.

 

  1. Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион.

 

  1. Калин Ивановски – Тениски клуб Југ.

 

  1. Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион.

 

  1. Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички.

 

  1. Мила Младеновска – Карате клуб Работнички.

 

  1. Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР ДООЕЛ.

 

 

Најуспешен тренер

 

д-р  Борче Костовски - Таеквондо клуб Бутел.

 

 

Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје

 

Анте Гаџа – АД Ракометен клуб Вардар.

  

 

Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост

 

1.Андреј Стојановски – „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“.

 

2.Стоилко Стоицев - Планинарски клуб Македон.

 

 

Категорија перспективен млад спортист – кадет

                                                                                          

Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје.