ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ЗА 2020 ГОДИНА Е ЗАВРШЕНА 29.11.2020
Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.

Дополнително, на градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово.
Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици.

Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот.
Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
