ОТВОРЕН ПРВИОТ ВЕЛОШТАД ВО СКОПЈЕ 29.9.2020
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, денеска го отворија првиот плоштад за велосипеди во Скопје – Велоштад, кој произлезе како резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики која Град Скопје ја спроведе со целосна поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка(ГИЗ).
- Имам големо задоволство да го отвориме првиот ВЕЛОШТАД - плоштад за велосипеди во нашиот град, овде кај Железничката станица, локација којашто заедно со Скопје Лаб од 11 понудени ја избраа токму велосипедистите. Овде отвораме за првпат место каде што велосипедите ќе бидат безбедни и ќе може велосипедистите да ги остават тука и да продолжат да користат јавен транспорт или воз и да се можат безбедно да се вратат со велосипед со што овозможуваме комбинирање на урбаното движење во нашиот град. Овој прекрасен мурал зад нас е изработен со целосна поддршка на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во РСМ и токму заради тоа амбасадорот Дејвид Гер е денеска тука со нас на пуштањето во употреба на овој нов функционален простор за скопските велосипедисти. Сервисната станица која е поставена тука ја добивме од нашите долгогодишни вело партнери од Стопанска Банка – рече Шилегов.
Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.
Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.
Преку своите јавни претпријатија Градот Скопје се вклучи и во дополнително уредување на овој простор за да се добие една функционална целина која ќе биде и естетски убава и доволно привлечна за граѓаните за тие да го минуваат своето време тука.
Град Скопје и понатаму посветено да ја гради својата мрежа на вело патеки, во континуитет се поставуваат паркиралишта за велосипеди на различни локации во градот, и продолжува да вложува во одржливата урбана мобилност и на тој начин се грижи за животната средина во нашиот град.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност