Градот Скопје е заглавен во долгови, фокусот е да се направи најдоброто со средствата што се на располагање 29.12.2021
Буџетот на Град Скопје за 2022 година за кој расправаат советниците на денешната седница на Советот и долговите во кои моментално се наоѓа Градот Скопје беа меѓу темите на кои се дискутираше на денешниот новинарски брифинг.
- Градот е заглавен во долгови, веќе кажавме каква е состојбата. Ревизија на состојбите е започната, следува темелна финансиска ревизија, а од резултатите ќе видиме каква била намената на средствата што биле потрошени. Сега се фокусираме да го направиме најдоброто со средствата што ни се на располагање, покрај веќе склучените повеќегодишни договори и другите долгови што доспеваат – рече Арсовска.
Таа образложи дека од она што може да се види во предлог-буџетот, како капитални проекти се ставени проектите за кои се веќе склучени повеќегодишни договори, а кои Градот мора да ги реализира. За нови проекти е предвидено проектирање кое следува веднаш по нова година.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
