Соопштение за јавност 30.1.2024

Се остварува уште еден проект од програмата За Модерно Скопје, за развој на велосипедска мрежа со што граѓаните на градот Скопје добиваат целосно нова велосипедска патека, која ги поврзува општина Гази Баба со општините Центар и Аеродром.
Новите вело патеки се простираат на должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата „808“ во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот.
Со активностите на терен се реализира проектот „Скопје-град на велосипеди“ кој е еден од стратешките проекти од програмата „За модерно Скопје“. Во изминатите две години, градот Скопје инвестира во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.