Арсовска: Со поддршка за развој на спортот се создаваат нови шампиони 30.4.2022
Денеска во СЦ „Јане Сандански“ градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски го отворија меѓународниот турнир во Таеквондо Скопје ОПЕН 2022.

Имам чест да истакнам дека Град Скопје е поддршка на меѓународниот турнир на кој над 550 учесници, од седум различни држави и повеќе од 30-тина клубови, се натпреваруваат во Скопје по осми пат., истакна градоначалничката Арсовска.

Таа во своето обраќање до натпреварувачите истакна дека градот истакнува силна поддршка за развојот на спортот и спортскиот дух особено за младите, подржува проекти и активности за создавање на здрави и спортски навики.
Само преку развој на спортот и поддршка на спортските активности се развиваат успешни млади таленти, кои носат потенцијал за олимписки успеси, како нашиот Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, гордост и иднината на спортот за Скопје и Македонија, посочи градоначалничката Арсовска на денешното отворање на меѓународниот турнир.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
