Одбележан Денот на мултипла склероза - Градот Скопје со поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста 30.5.2022
По повод одбележувањето на Денот на мултипла склероза, параплегија и дистрофија, денеска во Скопје во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржа јавен настан под мотото „МС Поврзувања" за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија.
На настанот учествуваше Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата.
- Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од нашите приоритети. Во контекст на денешното одбележување на Денот на мултиплекс склероза, параплегија и дистрофија, нашите заложби се за обезбедување подобра интеграција, подобрени јавни услуги за овие лица и нивно поврзување во заедницата преку отстранување на социјалните бариери – истакна Арсовска.
На почетокот на настанот пред Порта Македонија, организаторите од Мобилност се обратија пред присутните и ги наведоа заложбите и активности за подобрување на правата, како и подобрување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија.
Во рамките на одбележувањето се одржа и марш-дефиле по булеварот „11 Октомври“ од пред Собранието до ДХО „Даре Џамбаз, каде што учесниците продолжија со интерактивно дружење.
- ВЕСТИ
- 09.10.2024 - Соопштение за јавност
- 08.10.2024 - Соопштение за јавност
- 01.10.2024 - Соопштение за јавност
- 25.09.2024 - Соопштение за јавност: Авионска и терестрична дезинсекција против комарци
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата