ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ СО ДИНО МЕРЛИН 30.12.2019
Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин утревечер ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои Новата 2020 година ќе ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. Градот Скопје заедно со Дино Мерлин за сите посетители на новогодишната ноќ ќе понуди спектакуларно и уникатно шоу вредно за паметење.

Градот Скопје Ве поканува на големиот пречек на Новата година во срцето на Скопје. Забавата, утревечер ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ почнувајќи од 20:30 часот, а одбројувањето до Новата година ќе го направиме со спектакуларното музичко шоу на регионалната ѕвезда, Дино Мерлин.
Дојдете да се забавуваме и заеднички, во добро расположение да и посакаме добредојде на новата 2020 година.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
