СО НОВА ОПРЕМА ДО ПОДОБРА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ВОДНО, САРАЈ И МАТКА 31.7.2020
Градот Скопје со набавка на опрема за справување со шумски пожари го подига нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка.

Опремата која се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили ќе бидат во функција на сите единици на Противпожарната бригада на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило со цел да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата.

Планината Водно и Кањонот Матка заради своите природни вредности се прогласени за заштитени подрачја и се атрактивни туристички дестинации во Скопје.

Активностите за подигнување на нивото за заштита од шумски пожари, Градот Скопје ги реализира во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
