БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА „БЕЛА НОЌ“ 2023 29.9.2023
Градот Скопје и оваа година обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023.
Бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година).
Традиционалната манифестација „Бела ноќ“, која годинава се одржува по 19.пат, за граѓаните ќе понуди изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
