Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан бајрам 02.5.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан бајрам.
"Со искрени желби за добро здравје, среќа, радост и благосостојба, на сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам срдечни честитки по повод Рамазан бајрам.
На првиот ден на Рамазан бајрам, да се потсетиме на значењето на солидарноста, соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање.
Сплотени, заедно можеме многу да промениме на подобро и да придонесеме за благосостојба на сите наши сограѓани, градејќи праведно, правично и просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат."
Со Почит,
Градоначалничка на Град Скопје
Данела Арсовска
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
